Од внимателно избрани производи до достава до врата: Приказната на 4 Seasons Bio

раст на годишно ниво
од продажбата е преку Wolt
поврат на инвестицијата во рекламирање (ROAS)
Кога браќата Василис и Јоргос ја отвориле својата продавница за намирници во центарот на Атина во 2006 година, органската храна сè уште била специјализиран производ. Сакале да понудат храна во која луѓето ќе имаат доверба, од производители што ги познаваат и ги почитуваат. Речиси 20 години подоцна, 4 Seasons Bio сè уште го има духот на маалска продавница. Разликата е во тоа што, благодарение на Wolt, тоа „маало“ денес се протега низ целиот град.
Нивната прва продавница била само 28 квадратни метри и преполна со гајби со овошје и зеленчук. Секое утро браќата ги посетувале производителите во Атика, избирајќи го најдоброто од сезонската понуда. Потоа, секое попладне стоеле зад пултот и разговарале со купувачите за вкусот, хранливата вредност и потеклото на храната.
„Кога започнавме, органската храна во Грција беше речиси непозната. Ја градевме довербата разговор по разговор“, вели Василис.
Со текот на годините, продавницата станала препознатливо име меѓу купувачите. Денес, Јоргос е задолжен за оперативното работење, за финансиите и за тимот. Василис е посветен на набавката и односите со производителите. Нивните улоги се различни, но начинот на кој работат речиси воопшто не се променил уште од самиот почеток.
Секој производ има своја приказна. Тие знаат кој го одгледал, кога е набран и зошто заслужува место на полицата. Свежото овошје и зеленчук и понатаму се во центарот на понудата, но денес асортиманот вклучува и маслиново масло, мед, житарки и органски грицки.

Воедно успеале да ги задржат и своите најверни купувачи. Некои купувачи доаѓаат со години; браќата гледале како растат семејствата.
„Не се работи за спринт, туку за маратон. Растеш така што се грижиш за своите купувачи, не се работи само за продажбата.“
— Василис, соосновач на 4 Seasons Bio
Кога продавницата не можела да стигне до сите, помогнал Wolt
Како продавницата станувала сè попозната, сè повеќе луѓе сакале да купуваат од неа, но не секогаш им било лесно да стигнат до неа. „За купувачите беше речиси невозможно да дојдат со автомобил, да најдат паркинг и да ги подигнат производите“, вели Василис. „Wolt го поедноставува процесот. Луѓето можат да го нарачаат она што им е потребно и да го добијат дома за неколку минути.“
Се обиделе сами да организираат достава, а користеле и други даватели на услуги, но координирањето на нарачките, термините за подигнување и плаќањето одземало премногу време. „Сите предизвици со доставата ги сфаќаш дури кога сам ќе почнеш да ја организираш – тајмингот е пресуден“, вели Јоргос.
Во 2020 г., 4 Seasons Bio станале дел од Wolt. За Василис, тоа била практична одлука. „Ни требаше достава по барање. Wolt ја исполнува таа потреба“, вели тој.

Дополнително помогнало и тоа што со текот на времето целиот процес станал поефикасен. Доаѓаат избирачите, ги наоѓаат соодветните производи, се консултираат со тимот доколку е потребна некаква промена, а нарачката брзо се испраќа. Тоа совршено се вклопува во начинот на кој браќата веќе работат.
Преку апликацијата Wolt, купувачите од целиот град сега можат да ја разгледаат понудата, да направат нарачка и да ја добијат за 30–40 минути.
Тимот користи и Wolt Ads, кој им носи поврат на инвестицијата во рекламирање (ROAS) поголем од 10, па сè повеќе луѓе ги откриваат директно преку апликацијата.
Откако се здружиле со Wolt, 4 Seasons Bio бележи постојан раст на онлајн-нарачките.
„Нови купувачи нè открија, а старите повторно нè пронајдоа“, вели Василис.
Денес, до 20% од продажбата на продавницата доаѓа преку Wolt, со годишен раст од 78%. Досега најголемата нарачка, во вредност од 452 евра, била од едно семејство кое купувало намирници за целата недела.
И покрај сета технологија, нивниот пристап кон работата останал ист.
„Можеме да му се посветиме на она што најдобро го знаеме, додека Wolt се грижи доставата да биде навреме“, вели Јоргос.
Планови за иднината: да останеме лични и блиски
Василис неодамна станал татко (неговото бебе има десет месеци), а тоа целосно го променило начинот на кој гледа на сè, вклучувајќи ја и продавницата.
„Кога започнавме, и продавницата беше како бебе“, вели тој. Беше мала и кревка, а ние секој ден се грижевме за неа. Сега, дваесет години подоцна, таа порасна. Силна е, има идентитет и е како дел од семејството.“
Така тој и Јоргос и денес гледаат на својот бизнис: Како нешто за кое се грижиш. Како нешто што полека го градиш. Како нешто што останува блиску до луѓето.
Wolt им овозможува тоа да го прават за повеќе купувачи, во повеќе делови од Атина, без нивниот бизнис да ја изгуби човечката димензија.
„Прекрасно е чувството да растеме заедно – ние, Wolt и луѓето што имаат доверба во нас.“
— Василис, соосновач на 4 Seasons Bio
Вложуваш грижа во сè што продаваш.
Со Wolt, таа грижа брзо, лесно и под твои услови стигнува до повеќе луѓе.