Како Kampin Kukka од локална цвеќарница прераснала во симбол на Хелсинки


години во бизнисот

раст на годишно ниво

раст благодарение на кампања на Wolt+
Веќе 31 година, Јаана секој ден ги отвора вратите на Kampin Kukka, претворајќи ја малата цвеќарница на својата мајка во препознатливо обележје на Хелсинки. Со Wolt, таа реализирала речиси 20 000 достави и пронашла нови начини за развивање на бизнисот – од голем број нарачки во текот на работната недела до луксузни букети. Јаана Миртинен сè уште се сеќава на повикот од мајка ѝ кога ја прашала дали би сакала да преземе една од нејзините цвеќарници.
Преспала една ноќ пред да одлучи, а веќе следниот ден прифатила, мислејќи дека проектот ќе трае само една или две години. Триесет и една година подоцна, таа сè уште секое утро ја отклучува Kampin Kukka – дури и на Божиќ и за време на летната долгоденица. Она што започнало како мала цвеќарница, денес е незаобиколен дел од соседството – за родендени, збогувања, како и за сите мали моменти што заслужуваат малку дополнителна убавина.
„Некому секогаш му треба цвеќе“, вели Јаана.
Како доставата станала дел од срцето на бизнисот
Во 2020 г., сакајќи да ги истражи можностите што ги нуди доставата и да го развие својот бизнис, Јаана станала една од првите цвеќарки во Финска што се здружиле со Wolt. „Не ги следиме трендовите – работиме по свое.“ „Затоа здружувањето со Wolt дојде сосема природно“, вели таа.
Во продавницата, известувањето за нарачка на Wolt го диктира темпото на работа. „Го сакам тој звук“, вели Јаана. „Секогаш помислувам на заработка кога ќе го слушнам.“ Олга, цвеќарка од тимот на Јаана, додава: „Кога ќе заѕвони известувањето, тргнуваме. Ни помага да работиме брзо и фокусирано.“

Оттогаш, тимот реализирал 20 000 достави преку Wolt – од едно цветно стебло до букет од 100 рози во вредност од 1 000 евра. „Секоја нарачка ни е важна. Без разлика дали е мала или голема, на секоја ѝ посветуваме исто внимание“, вели Јана.
Брзата достава овозможува и побрз обрт на артиклите кога пристигнува свежо цвеќе од Холандија. „Колку повеќе продавам, толку повеќе можам да купам. А јас обожавам да купувам цвеќе.“
Јасни резултати од паметен маркетинг
Да се води мал бизнис значи секое евро да се искористи максимално.
За Јаана, тоа значи да го вложува својот маркетинг-буџет таму каде што јасно се гледа повратот на инвестицијата. „Со другите платформи никогаш не знаев што точно добивам. Со Wolt ги гледам извештаите. Знам што добивам за вложените пари.“
Бројките го потврдуваат тоа.
Неодамнешна кампања на Wolt+ ја зголеми продажбата на Kampin Kukka за 58%. Јасните резултати ѝ дадоа на Јаана самодоверба уште повеќе да инвестира во тој пристап. „Ова лето целиот наш маркетинг-буџет го вложивме во Wolt“, вели таа.
Справување со најпрометните денови со сигурност
Денот на мајката е еден од најважните датуми во календарот на секоја цвеќарница, а честопати и најстресниот. Во првите години на Kampin Kukka, редиците се протегале и по 100 метри по улицата. Тимот едвај успевал да го следи темпото, а купувачите чекале долго.
Wolt го сменил ритамот во кој течеле тие денови. Уште пред да се отворат вратите, преку апликацијата пристигнуваат повеќе од 100 преднарачки. Семејствата ги добиваат букетите навреме, а тимот успева да одговори на побарувачката.

Wolt ѝ помогнала на цвеќарницата да биде помалку зависна од временските услови и од сезоната. Дождливите денови, кои порано ги одвраќале купувачите, сега носат зголемена побарувачка за достава. Државните празници повеќе не значат застој во работењето.
Од 2023 до 2024 година, продажбата на Kampin Kukka преку Wolt пораснала за 26,7% во однос на претходната година. „Без Wolt, ќе ги немавме потребните ресурси за да се справиме со ваков обем на работа“, вели Јаана. „Wolt стана составен дел од начинот на кој работиме.“
Раст, но со срце
Иако Јаана ја води Kampin Kukka повеќе од три децении, најголема радост и понатаму ѝ носи наједноставниот дел од работата – исполнувањето на продавницата со свежо цвеќе.
Токму таа љубов ѝ помогнала да ги помине најпрометните празници, долгите зими и 20 000-те достави, а денес, со поддршката на Wolt, ѝ помага цвеќарница успешно да напредува.
Што може Wolt да направи за вашата продавница?
За Јаана, растот значи да има повеќе можности да го прави она што го сака, нејзината продавница секогаш да биде исполнета со бои и да ѝ служи на својата заедница и во големите и во малите животни моменти.
Ако сакаш раст што е личен, цврсто втемелен и верен на твоите вредности, ајде да разговараме.