„Сè почна со една лошо направена пица“: Third Coast Pizza, Прага

Што се случува кога тројца Американци во Прага ќе заклучат дека недостига добра пица во градот? Го отвораат локалот Third Coast Pizza, пицерија во стилот на оние во Детроит, која создава ниша во град во кој доминираат пити во европски стил.

Од новоотворен бизнис до палата за пица

Камерон, Мајк и Рос ја почнале Third Coast Pizza од станот на Камерон за време на пандемијата. Сè почнало со една „лошо направена пица“ која ја усовршувале сè додека не ја погодиле формулата. „Рос и јас забележавме дека тука нема многу разновидни опции за пица“, вели Камерон. „Па, си рековме, зошто да нема и пица како во Детроит?“

Името, Third Coast Pizza, алудира на репутацијата на Мичиген како „третиот брег“ на САД. Она што почнало како експериментирање на пријатели со рецепти за пица додека гледале фудбал брзо прераснало во нов бизнис. „Буквално им ги подававме однапред нарачаните пици преку прозорецот од нашиот стан,“ се смее Камерон.

Нивниот голем пробив се случил кога обезбедиле физички простор. „Навистина се фокусиравме на природен раст“, додава Мајк. „Започнавме полека, тестиравме рецепти додека гледавме фудбал и ги усовршувавме додека не постигнавме нешто уникатно.“ Нивното мени е комбинација на креативни, вкусни и возбудливи додатоци и препознатливи американски класици.

Видливоста е клучна на конкурентниот пазар

Водењето ресторан во странска земја има свои предизвици. „Снаоѓањето во нова деловна средина, особено со јазични бариери, не беше лесно,“ вели Камерон. Недостигот на работна сила по КОВИД додало дополнителни потешкотии. „Постојан предизвик е да се биде успешен во конкурентен пазар,“ забележува Мајк. Социјалните медиуми и инфлуенсерскиот маркетинг биле клучни, но сè уште е предизвик да се прошири гласот.

Еден од клучните моменти за нивниот успех било и партнерството со Wolt. Иако првично скептичен за надоместоците, Камерон сега ја гледа вредноста.

„Сè што продаваме на Wolt е нешто што не би имале шанса да го продадеме во ресторанот.“

— Камерон, соосновач на Third Coast Pizza

„Wolt нè направи видливи во цел град, што воедно го зголемува бројот на посетители во нашиот ресторан“, објаснува Рос. Нивното ексклузивно партнерство со Wolt во текот на првата година помогнало да се изгради силно присуство во светот на доставата, да се намали фрлањето храна и да се подобри ротацијата на резервите.

Понудата на пица во Прага се збогатува, но Third Coast Pizza нуди карактеристично американско искуство. „Квалитетот на некои видови пици тука е висок, но сè уште не им се нуди поголем избор за потрошувачите“, објаснува Камерон. „Во Прага во моментов се појавуваат некои одлични американски концепти, како што се скара и сендвичи, а ние даваме свој уникатен придонес кон овој бран.“ Нивниот бестселер, „Ѕверот гладен за крв“, содржи мед зачинет со хабанеро и го прикажува нивниот креативен стил инспириран од класиците.

Сместен помеѓу малку погрубата Жижков и поелегантната населба Винохради, ресторанот ја одразува двојната природа на околината. „Нашиот објект е со опуштена атмосфера, совршен е за пиво, но имаме и пристап на ферментација од 100 часа и многу креативна храна“, забележува Рос.

Тој микс привлекува разновидна публика, од иселеници кои копнеат по вкусот од дома до локални жители кои бараат нешто поинакво.

Време на ферментација на тестото

За рачна подготовка на сосот Сан Марцано

Најмала големина на пица

Балансирање со питите и личниот живот

Водењето пицерија и работењето со полно работно време бара балансирање. „Неверојатно е колку време одзема“, признава Мајк. „Покрај ова, работиме и дополнителни 40 часа неделно. Фактот што ова го правиме заедно со најдобрите пријатели го олеснува целиот процес.“

Креативната страна исполнува, но има своја цена, се скратуваат патувањата и слободното време. „Секогаш се потценуваат потребното време и енергија“, вели Камерон. „Но да им се служи на луѓето со внимание, квалитет и љубов е самото по себе награда, иако ги исцрпува голем дел од нашата креативност и капацитетот за други активности.“

Во иднина, Third Coast Pizza сака да ги продлабочи своите корени во заедницата и евентуално да се прошири. „Сакаме да си го обезбедиме местото како локална институција“, вели Камерон. „Ги разгледуваме културните фестивали и размислуваме за поставување киоск во центарот на градот.“ Посветени се на набавувањето висококвалитетни локални состојки. „Нашето брашно доаѓа од мелница стара 250 години и работиме со локални месари и мали пивари“, додава Рос.

Партнерството со Wolt било и е од голема корист за Third Coast Pizza; овозможува видливост и пристапност низ цела Прага.

„На почетокот, се двоумев околу провизијата, но се покажа дека Wolt е непроценлив.“

Доставата го прошири досегот и го намали фрлањето храна, особено на артиклите со кратка трајност, како лебот и зеленчукот. „Поддршката на Wolt е фантастична“, додава Мајк. „Нивниот тим е секогаш подготвен да помогне.“

Во град во кој опции за пица има во изобилие, но честопати се еднообразни, Third Coast Pizza нуди нешто необично. „Не правиме само пица; создаваме доживување“, вели Камерон. А топло парче пица во стилот на оние во Детроит, искомбинирано со ладно чешко пиво е доживување кое тешко се надминува.

Продажба со достава

Нови клиенти кои се враќаат

Надежи за иднината

  • Проширување на втора локација

  • Продлабочување на врските со локалната заедница во нивното соседство

  • Подобрување на набавувањето локални состојки

  • Организирање повеќе гостувачки кујни низ градот

Поттурнете го својот бизнис напред